Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” ООУ “ Христијан Тодоровски Карпош”

Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” ООУ “ Христијан Тодоровски Карпош”
Продолжуваме со настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” кои ги рализираме со ученици од 20 основни училишта од Скопскиот регион. На 7.10.2025 го посетивме ООУ “ Христијан Тодоровски Карпош” од општина Карпош кадешто триесетина ученици од основното училиште придружени од 4 волонтери соученици кои им асистираа на нашите Експерти имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад.
♻️ Знаете ли зошто се користи биодизелот и каде ги прашавме нашите ученици, по што самите направија био дизел. Продолживме со експериментирањето и дискусијата за циркуларна економија и за намалување на отпадот.
🌿 Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – FlorozonФлорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitas #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)