УЧИЛИШТАТА ОД КАРПОШ ЌЕ КОМПОСТИРААТ ОРГАНСКИ ОТПАД ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО

УЧИЛИШТАТА ОД КАРПОШ ЌЕ КОМПОСТИРААТ ОРГАНСКИ ОТПАД ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО
На денешниот завршен промотивен настан, којшто се одржа во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“, Resource Environmental Center – REC North Macedonia во присуство на претставници од Општина Карпош, од Секторите Животна средина и Образование, Директорите на сите општински основни училишта (ООУ) од Општина Карпош и други значајни претставници, наставници и ученици, ги промовираше резултатите остварени во рамки на проектот: „Подигнување на јавната свест за потребата од паметно управување со отпадот – Заедно во акција за селектирање, реупотреба, рециклирање и компостирање“ и го претстави Прирачникот за правилно компостирање и начин на искористување на компостот.

Во рамки на проектот што се спорведуваше во изминативе неколку месеци со финансиска поддршка на Општина Карпош, беа реализирани работилници во сите ООУ, на коишто учениците и наставниот кадар се запознаа со начините на селекција на отпадот од домаќинства и придобивките од процесот на примарна селекција на органскиот отпад.
Успешната реализација на проектот беше заокружена со набавка на 10 ротирачки компостери, акција којашто произлегува од Годишната програма на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП 2) за 2023 година, што го спроведува Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош. Компостерите ќе се постават во училишните дворови и ќе придонесат за поттикнување граѓански активизам за намалување на отпадот што се отстранува на депонија.
За време на настанот беше потпишан и Меморандум за соработка и вмрежување помеѓу 4 Здруженија на граѓани: „Центар за ресурси во животната средина – РЕЦ“ Resource Environmental Center – REC North Macedonia, ЦеПроСАРД CeProSARD, Центарот за одржлив развој – Алка и Здружението Реди, со Општина Карпош, со цел заедничко дејствување во областа на екологијата и зачувувањето на животната средина.
На настанот беа претставени и најуспешните ученички творби изработени од отпадни материјали.
Resource Environmental Center – REC North Macedonia упатвува благодарност до Сања Трпковска, Модератор на настанот и стручен соработник на проектот за проблематиките во управувањето со отпад.
Погледнете го

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *