Ликовен конкурс на тема: ,,Паметно управување со отпад преку селекција, реупотреба, рециклирање и компостирање”

Во рамки на проектот Подигнување на јавната свест за потребата од паметно управување со отпадот „Заедно во акција за селектирање, реупотреба, рециклирање и компостирање“ склучен со Општина Карпош, Здружението ,,Центар за ресурси во животната средина РЕЦ” преку училиштата распиша ликовен конкурс на тема: ,,Паметно управување со отпад преку селекција, реупотреба, рециклирање и компостирање”, на кој конкурс имаше пристигнато над 50 цртежи. Комисијата имаше тешка задача да ги избере најдобрите, но сметаме дека успешно сме ја постигнале целта со тоа што учениците ја покажаа својата висока свест за селекција, реупотреба, рециклирање и компостирање, што беше и главниот мотив за овој ликовен конкурс. Ние како здружение упатуваме честитки до сите ученици кои учествуваа на овој ликовен конкурс и воедно им честитаме на најуспешните:
I место: Калина Добреска VIII-A од ООУ ,,Вера Циривири Трена”
II место: Ева Чојиќ IX-2 од ООУ ,,Петар Поп Арсов”
III место: Haxhere Jusufi IV-3 ООУ Братство