Подигнување на јавната свест за потребата од паметно управување со отпадот „Заедно во акција за селектирање, реупотреба, рециклирање и компостирање“

Подигнување на јавната свест за потребата од паметно управување со отпадот „Заедно во акција за селектирање, реупотреба, рециклирање и компостирање“
Здружението ,,Центар за ресурси во животната средина РЕЦ” преку проектот Подигнување на јавната свест за потребата од паметно управување со отпадот „Заедно во акција за селектирање, реупотреба, рециклирање и компостирање“ склучен со Општина Карпош, организираше работилници со учениците и одговорните наставници во сите основни училишта на територија на Општина Карпош. Работилниците се реализираа во просториите на училиштата. Овие работилници се финансирани и поддржани од Општина Карпош. Сакаме да изразиме голема благодарност до сите одговорни лица – наставници и директорите на Општинските основни училишта на територија на Општина Карпош, коишто ни дадоа поддршка и соработуваа со нашите предавачи. Благодарност и до секторот за Екологија и Енергетска Ефикасност во Општина Карпош, кои исто така придонесоа со максимална поддршка на овие работилници.
Во улога на предавачи беа Сања Трпковска и Искра Кацарска.

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *