Во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, имплементирана од Eko-svest, а финансирани од Шведска, со цел подобрување на комуницирањето за климатските промени помеѓу сите засегнати страни, во насока на зголемување на знаењата и информациите за овие теми кај надлежните институции и граѓанските организации коишто работат на темите за постигнување на зацртаните климатски цели на земјата и подигнување на свеста кај граѓаните, од 13-14 март во Скопје, учество зедоа и претсавници од РЕЦ Resource Environmental Center – REC North Macedonia.
Меѓу останатите, имаше присутни од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Бирото за развој на образованието, претставници на општини и претставници од граѓански организации и иницијативи. Присутните два дена работеа заедно за лоцирање на целните групи, креираа пораки за одреден проблем и можни решенија за надминување на пречките во комуникацијата помеѓу институциите и помеѓу институциите и граѓаните, но и дефинирање на заедничка визија за она што се комуницира, како и со кој со цел подобрување на знаењето за климатските промени кај сите целни групи.
Од оваа работилница ќе произлезе документ за политики, којшто ќе содржи препораки од сите засегнати чинители за начинот на кој темите за климатски промени, мерките за климатска акција и климатските цели ќе се комуницираат помеѓу нив и кон јавноста.
#climateresilience
Add Comment