ДАЛИ ЗНАЕТЕ ОД ШТО СЕ ДОБИВА БИОДИЗЕЛ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ОД ШТО СЕ ДОБИВА БИОДИЗЕЛ
„Дали знаете од што се добива биодизел?“- ги прашаа нашите мали истражувачи од 7мо и 8мо одделение од ООУ „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров. Со ова прашање започна работилницата на тема „Техники за трансформација на биоотпад“, која се одржа на 26.03.2025 во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на цикруларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)- Деверна Македонија во партнерство со Ecologic и Центар за еколошка демократија Florozon.

Учениците од ООУ „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров, заедно со експертите од Шумарски факултет и ЈП Дрисла, правеа биодизел од растително масло и екстрахираа пектин од лушпи од јаболка, а исто така, дискутираа и за значењето на биоотпадот и циркуларната економија. По завршувањето на работилницата учениците си заминаа дома побогати со уште едно искуство.
Ментор -наставничката по биологија Цветанка Трифуновска.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.