ДИСКУСИИ ЗА НАПРЕДОКОТ НА ГРАНТОВИТЕ

ДИСКУСИИ ЗА НАПРЕДОКОТ НА ГРАНТОВИТЕ
Над 30 организации беа дел од дискусиите за напредокот на грантовите
📆 Во текот на февруари, тимот на Цивика мобилитас направи 🔎 мониторинг на вкупно 34 граѓански организации, корисници на 10 од грантовите за граѓански ангажман, кои започнаа со реализирање на нивните активности во јули 2024 година.

🎯 Целта на посетите беше да се провери како се одвива спроведувањето на проектите, да се соберат информации 📑 за предизвиците со кои се соочуваат организациите и нивните партнери, како и да се разгледаат можностите за подобрување.