На 22-ри август во просториите на Општина Новаци се одржа втората работилница по ред, во рамки на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во општина Новаци“. Темата на работилницата беше именувана како „Техники за превенција и справување со пожари на отворен простор – земјоделски површини“. Работилницата се состоеше од теоретски дел (ден 1) и демонстративен дел, одржан на и 23-ти август (ден 2).
Целта на работилницата беше преку размена на искуства и добри практики, како и споделување на информации за тактичко технички карактеристики на земјоделската механизација при гаснењето на пожарите и тактички пристапи и методи на гаснење на пожарите на отворен простор – житарици, да се подигне свеста кај граѓаните на Општина Новаци и да се зголеми искуствотот во справувањето со пожари на отворен простор.
На работилницата, покрај земјоделци, зедоа учество и претставници од доброволното противпожарно друштво на Општината кои заедно со сопствената опрема и возило присуствуваа на практичната вежба. На работилницата присуствуше и тимот на ТППЕ Битола, кои дадоа голема логистичка подршка во спроведувањето на практичниот дел од настанот. Ова беше настан од отворен тип и на истиот ни се придружија и останати заинтересирани граѓани од оваа општина.
Работилницата се спроведе со поддршка на м-р Костадин Поповски – магистер по безбедност од пожари.
Овој проект е дел од програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“(Landscape Fire Management in the Western Balkans (LFMWB)). Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Аgency for Development and Cooperation – SDC) и координирана од Фармахем од Скопје.