Интерактивен настан за климатска акција и образование за животната средина во Градскиот парк во Скопје

Интерактивен настан за климатска акција и образование за животната средина во Градскиот парк во Скопје
РЕЦ Resource Environmental Center – REC North Macedonia активно учествуваше на денешниот Интерактивен настан за климатска акција и образование за животната средина, што се одржа во Градскиот парк во Скопје, под покровителство на Embassy of Sweden in Skopje и UNICEF MK.
На настанот беа прикажани дел од резултатите што беа остварени од страна на Партнерите на УНИЦЕФ програмата „Охрабрување на децата и младите да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ финансирана од Шведска.
Програмата се спроведува во соработка со Министерството за животна средина, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за иновации и технолошки развој и други партнери, вклучувајќи ги Град Скопје, Македонското еколошко друштво, ЛЕАД, Еко Лоџик и Центарот за ресурси во животната средина-РЕЦ Resource Environmental Center – REC North Macedonia.

РЕЦ за време на настанот претстави дел од експериментите, што се дел од Прирачниците изготвени во рамки на проектите: „Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставници по природни науки“ и „Био-технологија мојот свет“, коишто ќе бидат достапни на Мрежата за искуствено учење, за да помогнат во интегрирање на искуственото учење во образованието.

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *