Нашите претставници од РЕЦ и Еко Логик на 26.11.2025 год. беа присутни на НАЦИОНАЛНИОТ ФОРУМ – САЕМ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ „СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“ на којшто меѓу другото беа дискутирани теми од областа на животна средина и локална самоуправа, директно во комуникација со владините претставници и претставниците на локалната самоуправа.
Националниот форум – Саем на граѓанските организации ја потврди својата улога како значајна платформа за дијалог, размена на идеи и заедничко креирање решенија. Преку отворени дискусии, прашања и препораки, учесниците ја демонстрираа силата на партнерството меѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Амбасадорот на Швајцарија, НЕ Кристоф Сомер им порача на присутните дека „Во сржта на секоја функционална демократија стои силно граѓанско општество.“













