Прилагодување на едукативни активности и експерименти за искуствено учење, за ученици со попреченост

Прилагодување на едукативни активности и експерименти за искуствено учење, за ученици со попреченост
Од 10-ти до 12-ти февруари, претставници на Центарот за ресурси на животната средина (РЕЦ), заедно со едукаторите од Биотехнолошката лабораторија која е дел од Мрежата за искуствено учење, беа дел од работилницата „Прилагодување на едукативни активности и експерименти за искуствено учење, за ученици со попреченост“ која се одржа во Велес.
🦽 На работилницата учесниците имаа можност да се запознаат со упатството за прилагодување на едукативните активности и експерименти за искуствено учење за ученици со попреченост.

💡Дополнително, преку работните активности развија идеи за прилагодување на постоечките програми за искуствено учење за нивно полесно доближување до учениците со попреченост.
🇸🇪 Работилницата беше реализирана како дел од проектот „Мрежа за искуствено учење – Програма за квалитет на воздух“ спроведен од Македонското Еколошко друштво, во координација со УНИЦЕФ, со обезбедена финансиска поддршка од Шведска.