РАБОТИЛНИЦА ВО ОУ „МИРЧЕ АЦЕВ“

РАБОТИЛНИЦА ВО ОУ „МИРЧЕ АЦЕВ“
Денес го реализиравме последниот настан во рамки на караванот, со посета на ОУ „Мирче Ацев“. Со учениците разговаравме за биоотпадот, како правилно да се селектира и како може да се трансформира во корисни материјали преку практични примери и креативни еко-решенија.
Преку меѓусебна интеракција, експерименти и отворена дискусија, учениците дознаа дека секој од нас, со мали, но доследни чекори, може да допринесе за поздрава животна средина и почиста општина. 🌍

📸 Голема благодарност до наставниците, педагозите и учениците од сите основни училишта во Ѓорче Петров што активно учествуваа и го поддржаа караванот. Вашата енергија и љубопитност се мотив да продолжиме со еко-образовни активности и во други општини!
Овој настан е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас,