Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици од ООУ “Братсво”

Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици од ООУ “Братсво”

На 10.02.2026 одржавме „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици во ООУ Братство” во рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата. До сега  направивме работилници во 19 училишта во три општини.

  • Дали знаете како се добива биодизел ги прашавме учениците и зошто тој се користи?

♻️   Што значи циркуларна економија за органскиот отпад и како секој од нас може да придонесе  за неа, ги прашавме учениците по што следеше дискусија.

Особено важно беше што имаше ученици волонтери кои веќе ја посетиле Биотехнолошката лабораторија и им покажуваа на учениците дел од експериметите заедно со Експертите.

🚗 Со ова училиште караванот на настани на отворено  за демонстрирање на експерименти во училиштата спроведен од Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon заврши во општина Карпош, уште едно училиште во општина Кисела Вода и завршуваме успешно со реализација на 20 каравани на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата споведени во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад”.

🎯 Со караванот успешно обучивме околу 600 ученици и околу 30 наставници од основните училишта од општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

 

🙏Уште еднаш голема благодарност на сите Директори, наставници и ученици, експертите и општините кои до сега беа дел од нашите проектни активности. Меѓутоа, тука не запираме ни следат уште интересни екссперимети… следете не!

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)