Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”

Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”
♻️ Дали знаевте дека од лушпа од јаболки се добива пектин? Ги прашавме учениците од ООУ “Аврам Писевски” од Општина Карпош. Ајде да направиме пектин, ги поканивме учениците. Така ни започна работата во Битехнолошката лабораторија во која учениците претвараа биоотпад во корисни производи.
♻️ На 12 март 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Аврам Писевски” од Општина Карпош. Учениците и Експетрите заедно правеа биодизел, пектин и биофилм од кора од компири.
📌 Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *