Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во декември 2023 започна co снимање на видеата кои ќе бидат дел од Прирачникот за наставници којшто ќе содржи сценарија за часови со експерименти што објаснуваат проблеми и појави во животната средина, настанати како резултат на климатските промени и деградација во животната средина.
Видеата ќе бидат наменети за наставниците по предметите: природни науки, географија, биологија, хемија и физика, од 5то до 9то одделение и секако за учениците од РС Македонија.




Add Comment