Од 25 до 27 јуни во Гевгелија, Цивика мобилитас ја организираше овогодишната Средба за вмрежување, која собра над 80 претставници од граѓански организации од целата земја, како и претставници од институции, донатори и меѓународни организации. Средбата беше простор за искрен и ангажиран дијалог, за споделување искуства и заедничко барање решенија за предизвиците во локалното владеење.

• подобрување на соработката меѓу ГО и општините,
• обновување на Граѓанската платформа,
• функционирањето на Советот за соработка,
• инклузивност, транспарентност и финансирање на ГО на локално ниво,
• довербата и учеството на граѓаните во процесите на одлучување.


Само преку отворен дијалог, взаемна почит и здружени напори можеме да изградиме поинклузивна, транспарентна и одговорна локална власт.

РЕЦ, како една од организациите грантисти на Civica Mobilitas, ја имаше честа заедно со партнерите – Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon да учествува на средбата за вмрежување во Гевгелија
.

Беше вистинско задоволство да се слушнат различни мислења и искуства по важни теми, особено за животната средина
во агендите на кандидатите за локалните избори 2025
.


Во фокусот беше и улогата на граѓанскиот сектор, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, како и градоначалниците и советниците во унапредувањето на локалните политики.