Денот на Планетата Земја 22 Април

Денот на Планетата Земја 22 Април
🌎 На денот на Планетата Земја се потсетивме, зошто е важно постојано да делуваме за позитивни промени, да ги учиме младите да бидат подобри, поодговорни и активни. Се потсетивме, дека доколку делуваме сите заедно промените се можни и остварливи!
🌎Денот на Планетата Земја 22 Април, го одбележавме отпочнувајќи ги настаните на отворено со Караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата, преку „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” коишто ќе ги рализираме со ученици од 20 основни училишта од Скопскиот регион.

⚗️Започнавме во ООУ “Св. Климент Охридски” кадешто триесетина ученици од основното училиште придружени од 4 волонтери соученици кои им асистираа на нашите Експерти имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад. На овој начин им покажавме на учениците како може да се намали количеството на био отпадот во Македонија кое завршува на депонија.
Со овој настан Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија беше дел од глобалната прослава и акции што се спроведуваат со цел да се заштити планетата Земја.
Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon / Флорозон – Центар за еколошка демократија.