На 26.05.2026 год. започнавме со селекција, подготовка, селективно собирање на органски отпад од страна на учениците и граѓаните со цел тој да се употреби во училишните компостари кои ги поседуваат училиштата, и добивање на компост. Првото училиште со кое ја започнавме оваа активност е ООУ „Јан Амос Коменски″ од општина Карпош. Во наредниот период продолжуваме и со други училишта.
Граѓаните и учениците во претходниот период селектираа и собираа био отпад со цел тој денес да се стави во компостарите. На овој начин граѓаните и учениците го поттикнуваат и применуваат принципот за циркуларна економија. Учениците кои беа обучени и добија знаење во склоп на активностите ќе ги пренсеуваат своите стекнати знаења за селекција, подготовка, чување, селективно собирање и предавање на био-отпадот за понатамошно постапување, до своите најблиски (родители и роднини) и до поблиското соседство. На тој начин ќе придонесат повеќе домаќинства, да се запознаат со начините на селекција, подготовка, чување и селективно собирање на органскиот отпад, со цел негово искористување во био-технолошка лабораторија и/или биокомпостара. Училиштето замоли во селекцијата и собирањето на отпадот да учествуваат и неколку локални ресторани кои генерираат био отпад. Оваа активност ја вршиме со поддршка на Општина Карпош која го поддржува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во компостарите во училиштата.
Само преку соработка помеѓу институциите, граѓанските организации, училиштата и граѓаните можеме да создадеме одржливи решенија за предизвиците со кои се соочуваме.
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, з
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)




