На 5.06.2026 година во ООУ „Лазо Трповски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Со заеднички сили на вредните ученици и свесни сограѓани, училиштето успешно собра и подготви органски отпад за компостирање! Со големо задоволство продолжуваме понатаму со активноста фокусиран на поттикнување на граѓанскиот активизам и заштитата на околината преку паметно управување со отпадот.Главната цел на проектот е активно вклучување на локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи. Заедно, како клучна целна група, ќе ги истражиме и примениме придобивките од правилното постапување со органскиот отпад. Благодарност до секој граѓанин кој се приклучи и покажа висок степен на еколошка свест.
На овој начин природата ни враќа со позелен, поздрав и поубав училишен двор за нашите деца! Ново поставените саксии во еко дворот ќе бидат исполнети со компост од компостарата на училиштето
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)







