Со одржливо управување со органскиот отпад до чиста животна средина преку системот за селекција подготовка и селективно собирање на био отпад за компостирање во компостари во ООУ „Димо Хаџи Димов“

Со одржливо управување со органскиот отпад до чиста животна средина преку  системот за селекција подготовка и селективно собирање на био отпад за компостирање во компостари во ООУ „Димо Хаџи Димов“

Со големо задоволство на 4.06.2026 година, заедно со  вредните ученици и совесни граѓани, успешно реализиравме уште една акција за селекција, подготовка и собирање на органски отпад во ООУ „Димо Хаџи Димов“.  Продолжуваме со активноста фокусиран на поттикнување на граѓанскиот активизам и заштитата на околината преку паметно управување со отпадот.

Главната цел на проектот е активно вклучување на локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи. Заедно, како клучна целна група, ќе ги истражиме и примениме придобивките од правилното постапување со органскиот отпад.

Од отпад до нов живот преку одлагање на собраниот био отпад во училишните компостари каде што ќе се трансформира во висококвалитетен, природен хумус кој ќе се користи за уредување на училишниот двор.

Невнимателното фрлање на органскиот отпад има сериозни последици. Важноста на оваа активност за селекција и одлагање на био отпадот во компостара директно придонесува кон:

  • Заштита на медиумите на животната средина: Спречување на штетните влијанија врз почвата, водите и воздухот.
  • Грижа за здравјето: Намалување на ризиците по човековото здравје преку почитување на пропишаните правила за управување со отпад.
  • Растеретување на депониите: Спречување на органскиот отпад без потреба да завршува на депонија.
  • Од отпад до нов производ: Моќта на циркуларната економија проектот нуди оптимизирани концептуални решенија кои започнуваат од нашите домови. Преку правилно селектирање (сортирање) и собирање на отпадот од домаќинствата, овозможуваме тој да не биде само ѓубре, туку вредна суровина. На овој начин, отпадот се вклучува во секундарен циклус со што се постигнува вистинска циркуларна економија — добивање на нов производ во нов процес.

Ги повикуваме сите граѓани да покажат интерес, да се информираат и активно да се вклучат во активностите. Секој поединечен труд е чекор поблиску до позелена и поодржлива иднина за сите нас!

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија. Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)