🌱 ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до раззеленет училишен двор во ООУ „Аврам Писевски“ !

🌱 ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до раззеленет училишен двор во ООУ „Аврам Писевски“ !

♻️ Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад. Во изминатиот период од три месеци, со висок степен на посветеност на наставниците, граѓаните, се спроведуваше организирана селекција, подготовка и селективно собирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“. Во оваа еколошка акција, клучната улога и главниот придонес го имаа токму учениците и граѓаните, со што се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција. Одржливо управување со отпадот и видливи резултати.

На 16.09.2026 год. вредните ученици со голем ентузијазам ја нахранија Билната градина и училишниот двор со природно ѓубриво- компост создаден во нивната компостара.

Главната цел на оваа иницијатива е примарна селекција на органскиот отпад и негово одлагање во училишните компостари. Преку правилен процес на компостирање, соберениот отпад беше трансформиран во природен, висококвалитетен компост.

 

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)