Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.
Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!
Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.
Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.
Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.








