Успешно реализирана акција за компостирање: Граѓаните од општина Карпош во акција 🌱♻️ ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до зелен двор!

Успешно реализирана акција за компостирање: Граѓаните од општина Карпош во акција 🌱♻️ ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до зелен двор!

Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад. Овие активности се дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.

Во изминатите шест месеци од месец мај до месев октомври 2026 год., со висок степен на посветеност се спроведуваше организирана селекција, подготовка и собирање на органски отпад во шест основни училишта и една градинка на територијата на Општина Карпош, две основни училишта во општина Кисела Вода и едно училиште во општина Ѓорче Петров.

Клучната улога и главниот придонес во оваа еколошка акција го имаа токму учениците и граѓаните, со што уште еднаш се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција. Како резултат на оваа соработка, успешно создадовме компост во шест основни училишта и една градинка на територијата на Општина Карпош, две основни училишта во општина Кисела Вода и едно училиште во општина Ѓорче Петров.

Завршниот чекор од овој процес во општина Карпош го одбележавме на 20.11.2026 година во ЈУОДГ „Орце Николов“. Со помош на вредните дечиња, добиениот компост создаден од граѓаните и најмалите жители го искористивме за раззеленување на дворот на градинката. Благодарение на ова природно збогатување на почвата, новопосадените грмушки – кои ќе формираат заштитен зелен појас – ќе растат побрзо и поздраво.

Зошто компостирањето е вистински погодок?

  • 🪴 Природна прихрана: Создаваме природно, висококвалитетно ѓубриво за растенијата.
  • ✨ Помалку ѓубре: Директно го намалуваме количеството отпад што завршува на депониите.
  • 🌿 Циркуларна економија: Го претвораме отпадот во корисен ресурс, наместо во загадувач.

Упатуваме огромна благодарност до сите ученици, деца, родители, наставници, воспитувачи и граѓани кои активно селектираа отпад во своите домови и помогнаа да се наполнат компостерите. Вашата одговорност и посветеност се вистински пример за целата локална заедница! 💚

 

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)