На 30.10.2025 година, тимот на Научниот караван го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода, носејќи со себе нова доза на еко-инспирација и знаење за љубопитните млади умови. 

Токму тоа го направија нашите ученици! Од дома донесоа био-отпад
(лушпи од јаболка, искористено масло и слично), а преку интерактивни и забавни демонстрации го претворија во вреден ресурс. 
Учениците од VII, VIII и IX одделение се запознаа со иновативни начини за повторна употреба на органскиот отпад, како производство на биодизел од отпадно масло
и креативна изработка на биофилм од лушпа од компири. 










