Одржување на Работилницата за „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Одржување на Работилницата за „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

На 29 и 30 април 2026  продолживме со тестирањето на зелените бизнис идеи за реупотреба на био отпад  на учениците. Добивме навистина инвентивни „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ кои ги тестиравме во Биотехнолошката лабораторија во рамките на дводневната работилница преку експерименти со учениците од основните училишта под менторство на нивните наставнички и Експерите. Ова го искористивме повторно да го зголемиме знаењето и свеста на учениците и нивните родители за важноста на циркуларната економија и реупотребата на био отпадот со цел да се намали депонирањето на био отпадот. Отпадот беше селектиран и донесен од учениците во лабораторијата. На овој начин ги учиме сите во процесот како да ја заштитуваме животната средина и природните ресурси да се користат на одржлив начин.

Со натпреварувачки дух ги тестиравме идеите заедно со возбудените ученици и експертите и заклучивме дека сите се успешни! Во овие два дена меревме, мешавме, дестилиравме, одвлажнувавме материјали, ја меревме pH-вредноста, варевме, загревавме и сушевме различни типови на био отпад се со цел да создадеме корисни производи кои можат да се продаваат во иднина за да го намалиме отпадот кој го генерираме. Што сработивме?

 

  1. Со учениците од ООУ Јан Амос Коменски изработивме еко креда од лушпи од јајца.
  2. Со учениците од ООУ „Вера Циривири Трена″ изработивме еко хартија од природни материјали.
  3. Со учениците од ООУ „Петар Пор Арсов ″ добивме биопластика од скроб.
  4. Со учениците од ООУ „Тихомир Милошевски″, направивме етанол од биоотпад.
  5. Со учениците од ООУ „Лазо Трповски″ изработивме биоразградливи пакувања со примена на природни антоцијани како индикатори за расипливост на храната во биоразградливи пакувања.
  6. Со учениците од ООУ Христијан Тодоровски Карпош″ произведовме био-пелети од лушпи од јаболка.

 

  • Подготвивме и саем на готови производи кои учениците ги гледаа и дискутираа за нив. Споделуваме дел од позитивната атмосфера на работилницата и трудољубивите ученици.
  • Со големо задоволство ги завршивме работилниците исполнети со уште едно искуство и спомени кои ќе ги носиме со нас и покажавме дека науката и екологијата се поврзуваат со секојдневниот живот.

📷Следете не за да го видите новото промотивно видео за проектот.

 

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на дводневните Работилници  за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ со основните училишта од Скопје.

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)