Успешна еко-акција во ООУ „Владо Тасевски“: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Успешна еко-акција во ООУ „Владо Тасевски“: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

На 5.06.2026 година, во ООУ „Владо Тасевски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Во изминатиот период со заеднички сили на вредните ученици и свесните сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање.

Преку овој проект активно го поттикнуваме граѓанскиот активизам за одржливо управување со отпадот. Локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи — се нашата клучна целна група со заедничка мисија: правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови!

Важноста на оваа иницијатива е да се научат граѓаните и учениците дека правилното сортирање и собирање на органскиот отпад од домаќинствата носи клучни придобивки за сите нас:

  • Заштита на животната средина и здравјето: Ги спречуваме штетните влијанија врз почвата, водите, воздухот, како и директните ризици по човековото здравје.
  • Растеретување на депониите: Значително ги намалуваме огромните количини отпад кои инаку без потреба би завршиле на депонија.
  • Поттикнување циркуларна економија: Овозможуваме оптимизирани концептуални решенија каде отпадот се вклучува во секундарен циклус како вредна суровина за добивање нов производ.

Секој чекор започнува од поединецот, но промената ја правиме заедно. Биди и ти дел од решението за позелена и поодржлива иднина!

 

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)