Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Во современиот глобален контекст, кафето претставува многу повеќе од обичен пијалок – тоа е индустрија, извор на егзистенција за милиони луѓе и значаен сегмент од националните економии. Сепак, традиционалниот модел фрлање на талогот на кафе по искористување на кафето долго време доминираше во производството и потрошувачката на кафе, што резултира со прекумерна употреба на ресурси и деградација на животната средина. Како одговор на овие предизвици, концептот на циркуларна економија нуди иновативни решенија за намалување на отпадот, повторна употреба на материјали и оптимизирано управување со ресурсите.

Талогот од кафе, дефиниран како отпад кој настанува по печењето и консумирањето кафе, претставува еден од најобемните органски отпадоци. Се проценува дека глобално се создаваат околу 9 милиони тони годишно. Само 1% од хранливите материи завршуваат во шолјата, додека остатокот – богат со протеини, липиди, целулоза, лигнин и минерални соли – останува во талогот. Овие својства го прават талогот од кафе вреден ресурс за повторна употреба во домаќинствата и индустријата. Само за момент помислете на огромната количина талог од кафе којашто секојдневно се фрла во ѓубре, без воопшто претходно да се размисли. Во талогот од кафе останува уште многу материјал којшто може да го користите за да го подобрите вашиот живот. Начините накои можете повторно да го употребите талогот од кафе во домашни услови и во индустријата се следните:

 

Повторна употреба во домаќинствата

  1. Природно ѓубриво Благодарение на високата содржина на азот, талогот од кафе може да се користи како органско ѓубриво. Се додава директно во почвата или се користи како течно ѓубриво кое може да се користи врз растенијата по накиснување во вода во рок од 24 часа.
  2. Подобрување на почвата и заштита од штетници Киселоста на кафето делува како природен инсектицид против мушички, комарци, полжави и други штетници. Посипете го потрошениот талог од кафе врз почвата околу вашите растенија за да го зајакнете нивниот раст, како и да ги заштитите од штетници.
  3. Апсорпција на мириси – Исушениот талог од кафе е ефикасен неутрализатор на непријатни мириси во фрижидер (може да го ставите во сад и садот оставете го во вашиот фрижидер), обувки, спортски торби и автомобили (спакувајте дел од талогот во внатрешноста на стари врзани чорапи).
  4. Пилинг за кожа Во комбинација со маслиново масло, талогот од кафе служи како природен ексфолијант за лице и тело (оставете го талогот од кафе да се исуши, а потоа додадете го маслиновото масло, додека не се добиете течен крем).
  5. Одгледување печурки – Поради стерилноста стекната при процесот на варење, талогот од кафе е погодна подлога за култивирање свежи печурки. Поради овој факт може повторно да се користи како подлога за одгледување свежи печурки.

(Извор: https://coffeefrom.it/, Coffeefrom.it 2025, Coffee Kreis, https://www.mdpi.com/2076-3417/15/1/137 (2025)

Индустриска примена

  1. Производство на обновлива енергија Талогот од кафе може да се рециклира за производство на обновлива енергија. Еден од главните примери е новиот живот на отпадот од кафе во постројките за биогас, каде што енергијата се добива од земјоделска биомаса (наменски култури, нуспроизводи и земјоделски отпад),(отпад од синџирот на преработка на храна и органската фракција на цврстиот комунален отпад. Отпадот од преработката на биогас се користи и за производство на дигестации, кои можат да се користат како природно ѓубриво за почвата. Исто така  мелено кафе може да се претвори во биојаглен преку пиролиза на ниска температура. Овој биојаглен го заклучува јаглеродот во стабилна форма стотици години, создавајќи мерливи компензации на CO₂ кои можат да се сертификуваат според доброволни јаглеродни шеми. Паралелно на тоа може и да се развиваат ѓубрива збогатени со биојаглен на база на кафе, нудејќи им на земјоделците обновлив додаток на почвата што го подобрува задржувањето на водата и здравјето на почвата, а воедно придонесува за врзување на јаглеродот.
  2. Отпадот од кафе може да се користи и како секундарна суровина, т.е. материјали на крајот од нивниот животен век кои не се сметаат за отпад, туку се реинтегрираат во нови производствени процеси (нуспроизводи). На пример обновување на индустрискиот талог од кафе како нуспроизвод за да се формираат нови рециклирани и био-базирани термопластични соединенија, со цел да се создадат производи добиени со циркуларна економија како алтернатива на природните материјали.

Извор: (MDPI, https://www.mdpi.com/2076-3417/15/1/137, Reuse of Spent Coffee Grounds: Alternative Applications, Challenges, and Prospects—A Review, 2024; EU Environment newsletter, Directorate-General for Environment, European Commission (2025), How a Czech company turns coffee waste into tangible and valuable products Coffee!Up translates EU policy priorities, such as waste prevention, bio-based innovation, decarbonisation and soil health, into a tangible business model.)

(Извор:https://www.magnific.com/search?format=search&last_filter=selection&last_value=1&query=Recycling+coffee+grounds+free&selection=1#uuid=fdb6d237-a16b-4cd3-815e-be74dd5f5543)

 

Повторната употреба на талогот од кафе е пример за практична примена на принципите на циркуларната економија. Наместо да се третира како отпад, тој може да стане ресурс со значајна економска и еколошка вредност – од подобрување на домашните услови до создавање индустриски иновации. Со вакви решенија, кафето продолжува да биде не само пијалок, туку и двигател на одржлив развој.

 

Извори: EU Environment newsletter, Directorate-General for Environment, European Commission (2025), Coffeefrom.it (2025), The World Economic Forum (2026), Coffee Kreis (2025), MDPI (2024).

 

Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.