Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад
Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Центар за еколошка демократија, продолживме со одржување на еднодневните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.

На 21 мај 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Братство” од Општина Карпош. Учениците и Експертите заедно работеа на лабораториски активности со кои органскиот отпад го трансформираат во вреден ресурс подготвен за употреба.
На работилница насловена како „Техники за трансформација на биоотпадот” учествуваа ученици од мешан состав, односно од македонски и албански паралелки од училиштето. Дискутиравме за значењето на циркуларната економија, што таа означува и како може да придонесеме преку реупотреба на биоотпад.
Во пријатна работна атмосфера, учениците научија нови техники за управување со биоотпадот, како и за важноста од правилното управување со него.