Дали знаете што значи циркуларна економија?

Дали знаете што значи циркуларна економија?
Продолжуваме со едукација на тема биоотпад и реупотреба на биоотпад. Дискутиравме со учениците дали знааат како може да се намали отпадот што завршува на ЈП “Дрисла”.
🌎 Дали знаете што значи циркуларна економија? – Ги прашавме учениците од ООУ “Лазо Трповски” од Општина Карпош. Ајде да видиме како може да го намалиме биоотпадот – продолживме со експериментите за пренамена на биоотпад во Биoтехнолошката лабораторија.
🌎 На 14 маj 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Лазо Трповски” од Општина Карпош. Учениците и Експетрите заедно правеа биодизел и пектин.
📧 Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон Центар за еколошка демократија започнавме со одржување на едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.