ПОВИК ЗА НАДВОРЕШНА ПРОЕКТНА РЕВИЗИЈА

ПОВИК ЗА НАДВОРЕШНА ПРОЕКТНА РЕВИЗИЈА

ЗА ПРОЕКТОТ:

  • НАЗИВ:„Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“
  • НОСИТЕЛ: Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)
  • ПАРТНЕРИ: Еко Логик и З.Г Флорозон ЦЕД -Скопје
  • ДОНАТОР: Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026.

Општата цел на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија е стекнување на практични знаења за одржливо управување со органски отпад од страна на ученици од училиштата во Општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, како и од страна на пошироката јавност од Скопскиот плански регион, со цел постигнување на циркуларна економија и остварување на придобивки за одржлив развој.

Постигнување на циркуларна економија се остварува преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој. Целни групи на проектот се учениците и наставниците по природни науки од основните училишта  и граѓаните на Скопскиот плански регион. За да се постигне целта на проектот, преку проектните активности ќе се запознаат учениците од 7-9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) во скопскиот регион, со потенцијалот од искористување на отпадот како суровина, преку демонстрирање на практични техники во Био-технолошка лабораторија а граѓаните преку промотивна дигитална кампања со едукативно-информативни содржини ќе се учат за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад. Понатаму ќе се поттикне граѓански активизам во корист на одржливото управување со отпад и придонес кон спречување органски отпад да заврши на депонија, преку негова преработка со воспоставување на систем за селекција на органскиот отпад во одредени пилот згради и зелените пазари. Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас и започна со спроведување во месец јуни 2024 година и ќе трае до октовмври 2026 година.

 

Опсег на услугата

 

Главни задачи на овластената ревизорска компанија за спроведување ревизорски услуги:

  • Да спроведе ревизија и верификација на трошоци кој се имплементирани во периодот од: 01.07.2024 – 31.10.2026;
  • Да спроведе ревизија на финансикиот извештај и трошоци кои се имплементирани во периодот од: 01.07.2024-31.12.2025 година (I ДЕЛ) –Периодична ревизија;
  • Да спроведе ревизија на финансискиот извештај и трошоци кои се имплементирани во периодот од: 01.01.2025 -31.10.2026 година (II ДЕЛ) – Завршна ревизија;
  • Да изготви и достави 2 (два) ревизорски извештаи според спецификациите и стандардите опишани во „Меѓународен стандард за ревизија 800/805“ со вклучено ревизорско мислење за двата дела (I и II).

 

Содржина на понудите и квалификации за учество:

Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилично писмо.

 

Елементи на понудата кои треба да бидат доставени се:

  • Портфолио на правни лица и референци на спроведени проекти
  • Финансиска понуда во вкупен износ без ДДВ за правни лица

 

Начин на поднесување на понуди

Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 28.10.2025 година до 17 часот на следниве електронски адреси:tradovanovikj@rec.org.mk и mdamjanovic@rec.org.mk со назнака: „Понуда за надворешна проектна ревизија“.

 

Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.

 

Содржината на овој повик е единствена одговорност на (Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

 

ЦЕЛИОТ ПОВИК НА СЛЕДНИОВ ЛИНК