На 22.10.2024 год. ЈП Депонија Дрисла и Resource Environmental Center (REC)- North Macedonia потпишаа Меморандум за соработка, со што го зацврстуваат заедничкото делување во полето на искуствено учење за одржлив развој, така што во рамки на проектот “Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад”, што се спроведува во рамки на програматаЦивика мобилитас. Во рамките на проектот ќе се продолжи со активности за стимулирање на интерес и иновации во Првата отворена биотехнолошка лабораторија во Македонија, со којашто управува ЈП Депонија Дрисла, спроведувајќи експерименти за трансформација на биоотпад до корисни производи од фармакологија (есенцијални масла и козметички производи), прехранбени и земјоделски производи и сл., а што ќе бидат наменети за ученици од основните училишта. Проектоте поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Благодарност до Директорот на ЈП Депонија Дрисла, г. Ненад Јосевски и Раководителот на одделението за лабораториски анализи и третман на отпадни води, г. Горан Трајковски.
#CivicaMobilitas, #CHinMK,Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
Add Comment