Работилнинца во ООУ “Лазо Трповски ”

Работилнинца во ООУ “Лазо Трповски ”
  • На 10.12.2025 го посетивме ООУ “Лазо Трповски ” со мобилната опрема од Биотехнолошката лабораторија во рамките на „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученициво рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата.

 

  • Дали знаете дека од масло од семки од сончоглед, сусам, чиа можеме да добиеме био дизел?, ги прашавме учениците. Денот го поминавме со 30 ученици кои вредно работеа на експериментите за био отпад и биопластика од лушпа од компири. Волонтерите се сеќаваа како работевме во Биотехнолошката лабораторија и им раскажуваа на новите ученици.

 

  • Размислете за вашите зелени идеи за реупотреба на био отпад кои ќе ги работиме заедно во март април во Биотехнолошката лабораторија наредната година ги замоливме учениците. Секако, со возбуда ни одговорија тие.

💡Дали ви е сега појасно што е циркуларна економија ги прашавме на крајот?

 

Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.

 

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.