На 03.12.2025 год. продолживме со научниот караван во ООУ “Аврам Писевски” во с.
Бардовци. Нашиот експерт ги прашувше учениците дали знаат начини како од отпадот
можеме да добиеме нешто од што би можеле да имаме финансиска придобивка. Ајде да
видиме, се сложивме сите!
Продолживвме со експериментирање и подготовка на био дизел и и биофилм од кора од
компири. Нашите волонтери, постарите ученици кои веќе ја посетија Биотехнолошката
лабораторија вредnо им помагаа на Експертите и учениците. На тој начин учениците од VII,
VIII I IX одделение се запознаа со инновативни начини за повторна употреба на био
отпадот.
Кога си заминувавме не инспратија многу весели лица со порака дојдете пак да
експериментираме, ни беше премногу интересно.
Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во
управувањето со органски отпад“ спроведуван од РЕЦ Македонија Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ)
– Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, продолживме со одржување на
едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот" со основните
училишта од Скопје. Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.











