Работилница во ООУ “Вера Циривири- Трена”

Работилница во ООУ “Вера Циривири- Трена”
Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици од ООУ “Вера Циривири – Трена”
♻️ Колку пати во денот допирате пластика, прашаа експертите? Најмалку четири до пет пати избројаа учениците. Дали треба да ја замениме пластиката со нешто друго, ги прашавме и што е тоа друго?
🌿 Продолжуваме со работилниците во училиштата „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” на 27.11.2025 год. бевме во ООУ “Вера Циривири- Трена” во рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата.
💡Од што се добива пластиката ги прашавме учениците? За што се користи глицеринот и ладно цедените масла? Заедно научивме и согледавме некои нови работи со учениците од „Вера Циривири – Трена”. Младите научници многу внимателно ги следеа и извршуваа насоките на Експертите во изработка на експериментите.

Што добивме како краен резултат? Биодизел и органска пластика од лушпи од компири која можеме да ја користиме за пакување на различни производи и да ја замениме пластиката.
💡Значи, циркуларната економија е многу важна за нашaта држава заклучивме сите заедно!
Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.