Работилница во ООУ“ Војдан Чернодрински”

Работилница  во ООУ“ Војдан Чернодрински”
Продолжуваме со настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” кои ги рализираме. На 5.12.2025 го посетивме ООУ “ Војдан Чернодрински” од општина Карпош кадешто триесетина ученици од основното училиште имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад.
♻️Знаете ли зошто се користи биодизелот и каде ги прашавме нашите ученици, по што самите направија био дизел. Продолживме со експериментирањето и дискусијата за циркуларна економија и за намалување на отпадот.

♻️Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од РЕЦ Македонија Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.