Техники за трансформација на биоотпадот

Техники за трансформација на биоотпадот
♻️На 14 април 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Христијан Тодоровски Карпош” од Општина Карпош. Учениците и Експертите заедно правеа биофилм од кора од компири, биодизел, пектин со цел да осознаат што значи процесот на циркуларна економија.

♻️ Денот го поминавме со ученици од VII, VIII I IX одделение од ООУ “Христијан Тодоровски Карпош” од Општина Карпош на работејќи заедно на работилница насловена како „Техники за трансформација на биоотпадот”. Дискутиравме за значењето на циркуларната економија, што таа означува и како може да придонесеме преку реупотреба на биоотпад. Во пријатна работна атмосфера продолживме со работа.
📍 Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon – Центар за еколошка демократија, продолживме со одржување на еднодневните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *