На 7 октомври, Цивика мобилитас ја организираше втората средба со грантистите и Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.Во улога на грантист, на состанокот со свој придонес учествуваше и Resource Environmental Center – REC North Macedonia.
🌱💡 На средбата беа презентирани поддржаните проекти од областа на животната средина и климатските промени, а целта беше да се поттикне 🗣️ дискусија за предизвиците со кои се соочуваат организациите при спроведувањето и да се видат можностите за синергија меѓу нив и другите проекти поддржани од Владата на Швајцарија. 🇨🇭🤝🇲🇰
👥 На состанокот учествуваа претставници на Центарот за младинскиот активизам Крик, Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ , Центарот за климатски промени – Гевгелија, Еко-зелено движење-Берово, Извидничкиот поречански одред КРСТЕ ЈОН – Струга, Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) , Еко Логик и Регионален зелен центар Охрид.
Add Comment