Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад
Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија во јули 2024 год. започнаа со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.
Нашата заедничка визија е во насока на промовирање на значењето на циркуларната економија (зелена, кружна економија) како концепт, којшто значително придонесува за постигнување на одржлив развој, што води кон обнова на екосистемите и се грижи за потребите на идните генерации. Понесени со јасна визија за намалување на отпадот и постигнување одржлива иднина, веруваме, дека циркуларната економија е регенеративен систем кој донесува нов концепциски пристап кон отпадот како ресурс.
Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.
Проектот со износ на грантот од 5,500.000.00 ден ќе се споведува до октомври 2026 година. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите, да резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.
Општата цел на проектот ќе се постигне со исполнување на следните специфичните цели на проектот:
 С.Ц.1: Запознавање на ученици од 7-9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) во скопскиот регион, со потенцијалот од искористување на отпадот како суровина, преку демонстрирање на практични техники во Био-технолошка лабораторија.
 С.Ц.2: Граѓански активизам во корист на одржливото управување со отпад и придонес кон спречување органски отпад да заврши на депонија, преку негова преработка.
 С.Ц.3: Завршен отворен промотивен настан за претставување на резултатите од проектот и информирани околу 100.000 граѓани.
Очекувани резултати од овој проект се:
 Р.1: 500-1000 ученици од 10 ООУ во Карпош, 6 ООУ во Кисела Вода и 4 ООУ во Ѓорче Петров, ќе стекнат практични знаења за искористување на придобивките од органскиот отпад.
 Р.2: Активирани граѓани придонесуваат за одржливо управување со органскиот отпад:
 Р.2.1: Спроведена електронска анкета за утврдување на степенот на знаења на широката јавност за штетните влијанија и придобивките од постапувањето со био-отпадот.
 Р.2.2: Околу 100.000 опфатени со промотивна кампања за подигнување на јавна свест за штетните влијанија од неконтролираното постапување со органската компонента на отпадот од домаќинства и придобиваите од искористувањето на био-отпадот, со примена на дигитални алатки, социјални мрежи и други е-канали.
 Р.2.3: Околу 1000 домаќинства или најмалку 2500 граѓани активни во селекција и селективно собирање на органски отпад за негова преработка во корисни производи (производи добиени во Био-технолошка лабораторија или подобрувач на почвени карактеристики – биокомпост).
 Р.2.4: Разработени концептуални решенија за интегрирано управување со био-отпадот во општините кориснички
 Р.3: Реализиран завршен промотивен настан за претставување на резултатите од проектот и информирани околу 100.000 граѓани.
Во рамките на проектот ќе се спроведат следните активности:
• А.1.1. Реализација на еднодневни работилници во Био-технолошка лабораторија, наменети за ученици од 20 ООУ од скопскиот регион, на коишто ќе се изучуваат техники за трансформација на потенцијалот на биоотпадот до корисни производи од фармакологијата, козметиката, прехранбената индустрија и сл.
• А.1.2. настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (на отворено) со мобилна опрема од лабораторијата, наменети за ученици, коишто ќе се одвиваат во училиштата.
• А.1.3. 2 дводневни работилници водени од наставници, експерти и волонтери за тестирање на креативни зелени идеи, преку кои заинтересирани ученици да го продолжат школувањето во средни стручни училишта од хемиско-технолошката и земјоделско-ветеринарната струка ќе трансформираат био-отпад до корисен продукт, со цел развивање на одржлив зелен бизнис.
• А.2.1. Спроведување на анкета за утврдување на знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во домаќинствата.
• А.2.2 Разработена и спроведена промотивна дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, досатапни преку социјални мрежи и други дигитални канали.
• А.2.2.1 Развиени и достапни дигитални и/или печаени информативно-едукативни материјали (прирачници, инфо-графици, адаптирани достапни видео записи, дигитални прилози, во форма на статии или интервјуа и сл.) со едноставни појаснувања за придобивките и начините за селекција и искористување на органската компонента на отпадот од домаќинства.
• А.2.3 Пренесени знаења (од страна на обучените ученици и преку достапни дигитални и/или печатени информативно-едукативни материјали) до околу 1000 домаќинства или најмалку 2500 граѓани за начините на селекција, подготовка и чување и селективно собирање на органски отпад, по видови, со цел негово искористување во био-технолошка лабораторија и/или биокомпостара.
• А.2.3.1 Вклучување на домаќинства во активности за селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија.
• А.2.3.2 Вклучување на домаќинства во активности за селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на компост во биокомпостара.
• А.2.4 Разработка на концептуални решенија за интегрирано управување со био-отпадот во општините кориснички.
o А.3.3. Реализација на завршен промотивен настан од отворен карактер за претставување на резултати од проектот, преку промоција на најуспешните училишта активни во собирањето на органски отпад и регрутирање на широка маса заинтересирани граѓани да се вклучат во процесот на селекција и собирање на органски отпад.
Контакт лице за останати информации поврзани со проектот се Тамара Радовановиќ Анѓелковска и Мина Дамјановиќ Алтанџиева.

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *