ЗЕМЈОДЕЛСТВО БЕЗБЕДНО ОД ПОЖАРИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

ЗЕМЈОДЕЛСТВО БЕЗБЕДНО ОД ПОЖАРИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
20/05/2026  Меѓународниот ден на Пожарникарите, во присуство на земјоделци, пожарникари, државни институции и претставници на повеќе засегнати страни, се одржа завршниот настан на проектот “Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци”.

Во опуштена атмосфера се презентираа активностите и резултатите од проектот со којшто ги поставивме основите за одржливи земјоделски практики кои имаат за цел да ја намалат појавата на пожари во земјоделските предели.
Почестени сме што на настанот учествуваа и имаа свое излагање, претставникот од #LFMWB, Јасминка Пашалиска Андоновска, Програмски советник за проекти на ниво на заедница и јавна свест, Градоначалникот на Општина Новаци и наш партнер во реализирање на проектот, г-дин Стевче Стевановски и градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски.
Исто така имавме можност да ги слушнеме и резултатите од проектите на уште два грантисти од програмата во Македонија, г-дин Столе Георгиев, проектен координатор од LAG Plackovica / ЛАГ Плачковица и м-р Константин Здравески, Association for ecology Ekomenlog Здружение за екологија
ЕКОМЕНОЛОГ од Охрид.
Голема благодарност до сите нив, со надеж дека и во иднина заедно ќе продолжиме да работиме за унапредување на пределите во однос на нивната отпорност на пожари.
Проектот е финансиран преку Embassy of Switzerland in North Macedonia, со координација на Фармахем Скопје.