Донација на компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад

Донација на компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад

На 20.11.2026 година, во ООУ „Страшо Пинџур “ во рамките на проектот  „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ беше дониран компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров од страна на ЦЕД Флорозон кои ќе бидат користени од страна на училиштето за намалување на градинарскиот отпад и за добивање на компост.

Во изминатиот период со заеднички сили на вредните ученици и свесните сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање кој како компост беше употребен за разубавување на цветните леи и училишниот двор.

Преку овој проект активно го поттикнуваме граѓанскиот активизам за одржливо управување со отпадот. Локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи — се нашата клучна целна група со заедничка мисија: правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови!

Важноста на оваа иницијатива е да се научат граѓаните и учениците дека правилното сортирање и собирање на органскиот отпад од домаќинствата носи клучни придобивки за сите нас:

 

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)