Успешно реализирана акција за селекција и компостирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“

Успешно реализирана акција за селекција и компостирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, во ООУ „Аврам Писевски“ се спроведе успешна акција за селективно собирање и подготовка на био-отпад за компостирање. Заеднички придонес за одржлива иднина. На 9 јуни 2026 година, благодарение на заедничкиот ангажман на учениците, нивните родители и локалното население, беше собран и соодветно третиран органски отпад. Главната цел на оваа иницијатива е поттикнување на граѓанскиот активизам и подигнување на еколошката свест за правилно селектирање на отпадот уште во самите домаќинства.

Како придобивки од процесот на компостирање се следните

  • Наместо био-отпадот да заврши на депониите и дополнително да ја загадува животната средина, преку овој процес тој се трансформира во корисен ресурс,
  • Намалување на отпадот: Се спречува таложење на органски материи на депониите.
  • Природнo ѓубриво: Училишните компостари го претвораат отпадот во висококвалитетен компост.
  • Уредување на средината: Добиениот природен компост ќе се искористи за збогатување и уредување на дворното зеленило во училиштето.

 

Изразуваме голема благодарност до сите граѓани и ученици кои земаа активно учество во оваа акција и покажаа висока одговорност кон природата. Локалната заедница продолжува со реализација на нови еколошки активности за почиста и поздрава околина.

 

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)