Научниот караван продолжува со „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици !
- Што научивте денес ги запрашавме учениците од ООУ “Јан Амос Коменски”? Дека отпадот е ресурс и не се фрла во канта, ни одговорија тие!
- Денот ни започна со дискусија за тоа што значи циркуларна економија и реупотреба на био отпад. Продолжибвме со експериментирање и подготовка на био дизел и и биофилм од кора од компири.
- Што се прави на крајот кога ќе се заврши работата во Лабораторија? Се мие опремата и се става на место, ни кажаа тие по што вредно ја измија опремата.
📷И не само тоа, ја снимавме работилницата за да подготвиме промотивно видео за проектот.
- На 6 ноември 2025 год. ја донесовме мобилната опрема од Биотехнолошката лабораторија во ООУ “Јан Амос Коменски” и го поминавме денот со ученици полни со ентузијајаз за истражување и експериментирање од VII, VIII I IX одделение од ООУ “Јан Амос Коменски” на работилница на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”.
Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, продолживме со одржување на едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)












