Работилница во ООУ Петар Поп Арсов

Работилница во ООУ Петар Поп Арсов
На 17.12.2025 година завршивме со „Работилниците за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” во училиштата од општините Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода, за оваа година. Последно во низата на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата беше училиштето ООУ “Петар Поп Арсов”. Вкупно во период од септември до декември 2025 година реализиравме работилници во 15 училишта.
🙏Голема благодарност до сите Директори на училиштата коишто беа учесници во нашиот караван, наставниците и учениците кои земаа учество во нашите проектни активности и се наша инспирација, да смислуваме нови предизвици и интерсни активности.
Нашите млади научници многу внимателно ги следеа и извршуваа насоките при изработка на Експертите што демонстрираат намалување на био-отпадот до успешно добивање на биодизел и органска пластика од лушпи од компири што можем да се користи за пакување на различни производи и да ја замениме пластиката.
♻️ Продолживме да учиме за циркуларна економија и нејзините придобивки од реупотребата и пренамената на органскиот отпад.

🚗 Караванот на Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon се реализира во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ ќе продолжи и во останатите училишта на општините кориснички во наредната година.
Затоа, следете нè – во новата година следуваат уште многу интересни и инспиративни активности со учениците и училиштата!