Дали знаевте дека био-отпадот од вашата кујна може да добие нов живот наместо да ги загадува депониите?

Дали знаевте дека био-отпадот од вашата кујна може да добие нов живот наместо да ги загадува депониите?

На 12.11.2026 год. во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, во ООУ „Војдан Чернодрински“ се спроведе успешна акција за селективно собирање и подготовка на био-отпад за компостирање кој денес го искористивме за разеленувањето на училишната градина. Им се заблагодаруваме на родителите, учениците и наставниците за активно селектирање на органскиот отпад за да се наполни училишниот компостер!

Со оваа иницијатива сакаме да го поттикнеме граѓанскиот активизам и да покажеме колку е важно правилното селектирање на отпадот уште во самите домаќинства. Еве зошто компостирањето е вистински погодок:

Природно ѓубриво: Нашите училишни компостари го претвораат отпадот во висококвалитетен компост.
Позелено училиште: Добиениот компост ќе го искористиме за уредување и збогатување на училишниот двор!

Помалку отпад: Го спречуваме таложењето на органски материи на депониите.
Корисен ресурс: Био-отпадот се трансформира во нешто вредно наместо да ја загадува околината.

Ајде заедно да создадеме поздрави навики и почиста околина. Селектирај, компостирај, инспирирај!

 

Изразуваме голема благодарност до сите граѓани и ученици кои земаа активно учество во оваа акција и покажаа висока одговорност кон природата! Со вакви иницијативи локалната заедница продолжува со реализација на нови еколошки активности за заштита на природта и намалување на ефектиите од климатските промени.

 

Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,

Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)