Твоето јаболко денес – зелен училишен двор утре! Погледнете ја циркуларната економија на дело во Карпош!
На 19.11.2026 година во ООУ „Лазо Трповски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Со заеднички сили на нашите вредни ученици и свесни сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање во претходните месеци кој го искористивме денес!
Учениците од 9то одделение ни објаснија како собирале био отпад заедно со нивните родители и соучении и каков вид на био отпад со цел да ги наполнат компостарите, процесот траел повеќе недели.
Со добиенито компост ја нахранивме „Фонтана до треви“ со органски компост и билната градина засадена во еко катчето на училиштето! Сега чаевите ќе бидат повкусни и побујно ќе растат!
Со овој пример за циркуларна економија го намалуваме отпадот во нашето маало:
1️⃣ Граѓаните и учениците паметно го селектираат органскиот отпад.
2️⃣ Училишните компостари го претвораат во висококвалитетен, природен компост.
3️⃣ Природата ни враќа со позелен, поздрав и поубав училишен двор за нашите деца! Ново поставените саксии во еко дворот ќе бидат исполнети со компост од компостарата на училиштето
Заедницата во акција: Ова е вистински пример за успешна соработка. Благодарение на силната поддршка од Општина Карпош, создаваме систем каде секој поединец има важна улога во заштитата на животната средина. Кога локалната заедница и училиштата дејствуваат заедно, резултатите се видливи!
Благодарност до секој граѓанин кој се приклучи и покажа висок степен на еколошка свест. Продолжуваме заедно!
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)










